Дома Фудбал Останато Крај: Коло Туре заминува во пензија и продолжува да работи во Ливерпул

Крај: Коло Туре заминува во пензија и продолжува да работи во Ливерпул

ture

Поранешниот репрезнетативец на Брегот на Слоновата Коска, Коло Туре, соопшти дека става крај на фудбалската кариера.

Туре во својата кариера го носеше дресот на три англиски гигнати, Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, каде што ќе продолжи да работи како технички асистент, а ќе им помага и на тренерите во првиот и младинскиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се наоѓам пред нов почеток. Со играњето фудбал е готово, сега и официјално можам да кажам дека сум во пензија и дека ќе се насочам кон трнерската работа. За мене ова нема да биде голема промена во смисла на она што ќе го работам. Секогаш бев играч кој сака да им помогне на другите околу него… Многу научив од Брендан Роџерс, тој е голем тренер“, изјави Туре.

Туре минатата сезона го носеше дресот на Сетлик, а на крајот се покажа дека тоа беше и негова последна станица во неговата играчка кариера.

Да потсетиме, Туре од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се повлече во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…