Дома Топ вести „Кралот“ пристигна во Милано со 200 милиони, се враќа со две мега ѕвезди!

„Кралот“ пристигна во Милано со 200 милиони, се враќа со две мега ѕвезди!

real

Шпанскиот гигант иако ја имаше една од најуспешните години зад себе, во Ла Лига оваа сезона титулата е практично изгубена.

„Кралевите“ веќе заостануваат зад лидерот Барселона со огромни 14 бодови, токму поради тоа Флорентино Перез има намера во наредниот период да потроши огромни 200 милиони евра, на само три фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува шпански „Диарио Гол“, „кралевите“ се заинтересирани за ѕвездата на Интер, Мауро Икарди, дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи и наводно веќе договорениот голман Кеп Аризабалага.

Секако, најмногу би платиле за капитенот на Интер, Мауро Икарди (110 милиони евра), за Бонучи се спремни да понудат (60 милиони евра) и за Кеп (30 милиони евра).

Кога станува збор за Аргентинецот од редовите на Интер, тој постигна 17 погодоци на 17 натпревари оваа сезона и би бил фантастична поддршка за Карим Бензема кој оваа сезона игра во кататрофална форма, но Зидан и покрај тоа му дава шанса.

Човекот кој се очекуваше да биде големо засилување за „росонерите“ Леонардо Бонучи би ја засилил одбраната на „кралевите“ во која сега сега освен Рамос и Варан нема друг квалитетен фудбалер.

Веќе подолго време голманот на Билбао Кеп Аризабалага е на мета на Реал Мадрид и се очекува токму тој да биде наследник на Кејлор Навас кој би пристигнал за сума од 30 милиони евра, односно колку што изнесува неговата откупна клазула.

Во продолжение погледнете како би изгледал тимот на Реал Мадрид со овие три засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…