Најпрво „Кралевите“ со 3:1 го совладаа ПСЖ, а потоа пристигнаа и лошите вести за навивачите на Реал – се повреди Тони Крос.
Германскиот играч ги повреди лигаментите на левото колено и најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар во Лигата на Шампионите против ПСЖ. Дури и да успее да се опорави од повредата до натпреварот на „Паркот на принцовите“ кој е на распоредот на 6. март, Крос речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите во лигата против Реал Бетис, Леганес, Алавес, Еспањол и Гетафе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прашањето кое сега најмногу го мачи Зидан е – кој ќе го замени? Крос е еден од најважните играчи на „кралскиот“ клуб, но тренерот има неколку опции за кои може да се одлучи, а тоа би можело да значи и поголема минутажа за Хрватот, Матео Ковачиќ.
Првата опција е формацијата 4-3-3 во која е напаѓачкото триот „BBC“, а средината ја држат Модриќ и Касемиро. Тука Зидан има опција да го покрие недостатокот на Крос со воведување на еден од играчите – Иско, Асенсио, Ковачиќ, па дури и Себаљос.
Втората опција е Реал да продолжи да игра во формацијата 4-3-2-1 без Герет Бејл во првата постава, а со Иско и Ковачиќ во средниот ред. Последната опција би била прилично екстремна за Реал – формацијата 4-4-2 во која Герет Бејл би заиграл на десното крило, а другата страна би можеле да ја покријат Васкез или Асенсио.