Дома Фудбал Англија Кој нема да го дочека ноември во Премиер лигата? Листата никогаш не била подолга!

Кој нема да го дочека ноември во Премиер лигата? Листата никогаш не била подолга!

Никогаш немало потенцијални откази во Премиер лигата во еден момент како што има сега.

Доколку можеме да веруваме на англиските медиуми овие денови, ќе видите дека само некои менаџери во Премиер лигата се „безбедни“, на пример, Пепе, Мурињо, Покетино, Марк Силва, Крис Хјутон, Дејвид Вагнер, и се разбира – Арсен Венгер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лестер веќе му врачи отказ на Шекспир минатата недела, а сега последни шанси добија Славен Билиќ и Роналд Куман, кој 99% ќе ги напуштат Вест Хем и Евертон во следните денови. Наводно, Билиќ добил шанса да ја сочува работата во следниот натпревар од Лига Купот против Тотенхем и потоа следниот викенд во мини-дербито против Кристал Палас.

За Куман деновите се изброени, се шпекулира враќање на Дејвид Мојс, а и тој исто така би можел да издржи уште оваа недела. Понатаму, Кристал Палас го победи Челзи, потоа загуби од Њукасл, ако продолжи вака Хоџсон, клубот ќе оди во потрага по вистинското решение. Стоук исто така е очаен оваа сезона, податокот дека тимот на Хјуз прими најмногу голови во лигата (20), кажувва дека стадионот „Британија“ повеќе не е несовладлива тврдина.

Борнмут исто така не блеска, но Еди Хоу има голем кредит и делува дека клубот нема да успее да се ивлече со било кој друг менаџер, а и победата над Стоук би можела да биде пресудна во враќањето на вистинскиот пат. Односнот на Конте со Абрамовиќ не е одличен, додека и по овој пораз од Тотенхем започна приказна за тоа дали Клоп е вистинскиот човек за Ливерпул, иако звучи дека е незамисливо Германецот да добие отказ во средината на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…