Дома Фудбал Англија Кој е тајландскиот милијардер и сопственик на Лестер чиј хеликоптер се урна вечерва?

Кој е тајландскиот милијардер и сопственик на Лестер чиј хеликоптер се урна вечерва?

Навивачите не се ни надеваа дека доаѓањето на Вичај Шривадханапраба.

Тајландскиот милијардер и сопственик на Лестер е човек кој е ценет во секој човек од тој град. Тој го стабилизираше тимот и во 2016 година под негово водство Лестер ја освои единствената шампионска титула во својата 132 годишна историја.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Се започнало кога големиот бизнисмен се одлучил да инвестира во фудбалот…

Во декември 2009 година тогаш новиот сопственик на Лестер чие богатство според листата на „Форбс“ се проценува на околу 4.6 милијарди евра го превзема клубот.

Неговиот клуб во најсилната англиска лига влезе во сезоната 2014/2015 за две години подоцна под водство на Клаудио Раниери клубот да стигне до историската титула во Премиер лигата.

Таа 2016 година фудбалската бајка се заврши на најубав можен начин – екипата од Чемпионшип без ниту едно звучно име и без расфрлање со милиони ја заврши сезоната пред англиските гиганти.

Богатиот сопственик знаеше како да ги награди и почести играчите за титулата, па на секој играч од шампионската генерација му го купи најновиот модел на БМВ вреден 120.000 евра.

Тој на овој начин сакаше да им се заблагодари на играчите бидејќи само Клаудио Раниери во својот договор имаше клазула за милионски бонус во случај на освојување на титулата.

Вичај е роден тајландско – кинеско семејство, оженет и има четири деца, а во Лестер скоро и да нема човек кој не го познава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Судија кој требаше да суди во Лигата на шампионите со смрт се заканувал на фудбалер!

Oд Европската куќа на фудбалот направија промена за натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг во Л…