Некогаш големиот талент на Барселона, Ансу Фати доби уште еден тежок ударт во кариерата.
Напаѓачот кој сезонава како позајмен настапува за Брајтон го чека нова пауза од три месеци поради повредата која ја заработи против Нотингем Форест.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информацијата ја потврди и тренерот на тимот Роберто Де Зерби кој очекува Фати да го има повторно на располагање некаде на почетокот на март или крајот на февруари. Сезонава во дресот на Брајтон, Фати одигра девет натпревари и постигна два гола.
Секако дека ова е уште еден чекор назад во кариерата на 21-годишниот фудбалер кој до пред некоја сезона важеше за голема надеж на Барселона. За Каталонците дебитираше на само 16 години, меѓутоа подоцна повредите почнаа да му прават сериозни проблеми.