Дома Останати Кошарка Кошаркар на Мајами со автомобил удрил во 21-годишно момче, жртвата се бори за живот

Кошаркар на Мајами со автомобил удрил во 21-годишно момче, жртвата се бори за живот

Кошаркарот на Мајами Хит, Хејвуд Хејсмит учествувал во сообраќајна несреќа по која 21-годишно момче се бори за живот, потврди неговиот клуб.

Несреќата се случила во моментот кога Хејсмит се враќал кон својот дом по натпреварот против Орланд. Според информациите објавени од американските медиуми Хејсмит удрил момче кое укажувало помош на друг возач на патот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На момчето како што се пренесува му била делумно ампутирана едната нога и докторите се борат да го спасат неговиот живот. Кошаркарот во несреќата поминал без повреди, а поради несреќата го пропушти натпреварот кој Мајами го играше против Сан Антонио.

Сезонава Хејсмит има просек од 5.8 поени и 2.8 скокови по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ им држи лекции на судиите, а тие мирно стојат и слушаат (Видео)

Екипите се подготвуваат, а од Никола Јокиќ повторно се очекува да го води Денвер Нагетс. С…