Дома Фудбал Италија Костиќ: Лесно е да кажете „да“ на Јувентус

Костиќ: Лесно е да кажете „да“ на Јувентус

Филип Костиќ за првпат од доаѓањето во Јувентус зборуваше за трансферот во италијанскиот клуб.

Репрезентативецот на Србија после четири години го напушти Ајнтрахт и се реши Италија да биде негова нова дестинација. Договорот го потпиша до 2026 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лесно е да се каже „да“ на Јувентус. Дадов се од себе и напорно работев. Затоа мислам дека заслужив да дојдам во клуб како Јуве. Кога таков клуб е заинтересиран за вас, заминувањето секогаш е вистинска одлука“, изјави Костиќ за официјалниот сајт на Јувентус.

Веќе разговарал со неговиот сонародник Душан Влаховиќ.

„Разговаравме, среќен сум што ќе бидеме заедно. Тој е еден од најдобрите напаѓачи и одлично е да се игра со него во ист тим“, истакна српскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да г…