Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена објави дека ја победил короната и дека е подготвен за продолжение на сезоната.
Ибрахимовиќ скоро две недели помина во изолација, а во Милан стравуваа дека ќе го пропушти дербито против Интер. Но, тој успеа да се опорави и доби дозвола повторно да почне да тренира со екипата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швеѓанецот тренира под полна пареа со цел да биде подготвен за дуелот со градскиот ривал.
Ибра објави фотографија на која изгледа неверојатно иако неодамна го прослави својот 39. роденден. Со фотографијата само кратко порача дека короната не му може ништо и дека се враќа посилен.