Дома Фудбал Италија Копа Италија: Фиорентина е во полуфиналето, Миленковиќ со гол во 94. минута ја елиминираше Аталанта 🎥

Копа Италија: Фиорентина е во полуфиналето, Миленковиќ со гол во 94. минута ја елиминираше Аталанта 🎥

Eкипата на Фиорентина во драматичен натпревар се радуваше на победа против Аталанта со 2:3 и обезбеди пласман во полуфиналето на Копа Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште во деветтата минута беше отворен резултатот. Криштоф Пјонтек од пенал погоди за водство на „виолетовите“. Аталанта се обидуваше да се врати и успеа. Давиде Запакоста стрелаше и на полувреме се замина со 1:1.

Жереми Бога кон крајот на првиот дел ја погоди стативата, но во вториот после само десетина минути игра го пронајде патот до мрежата пресврт и водство на Аталанта. Фиорентина на 20 минути до крајот доби пенал и повторно одговорноста ја презема Пјонтек. Голманот Мусо го одбрани неговиот удар, но одбиената топка дојде до Полјакот не погреши и изедначи на 2:2.

Во продолжение гостите од Фиренца останаа со играч помалку откако Мартинез Кварта доби втор жолт картон. Фиорентина и со играч помалку успеа да дојде до победата и тоа голот на Никола Миленковиќ во 94. минута.

Фиорентина во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…