Дома Фудбал Лига на шампиони Конте се жали: Имаше фаул од Менди над Хакими

Конте се жали: Имаше фаул од Менди над Хакими

Tренерот на Интер, Антонио Конте жали што неговиот тим не успеа да избегне пораз во Мадрид против Реал.

Интер губеше со 2:0 во Мадрид, успеа да изедначи на 2:2, но на крајот со голот на Родриго сепак „нероаѕурите“ останаа без бодови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После две нерешени и еден пораз Интер е последен во групата Б.

„Ова е мојот Интер и добар и лош. Мислам дека ви се потребни вакви чекори за да растете како екипа. Штета е што на крајот изгубивме. Дојдовме во Мадрид да играме фудбал и да се надигруваме, направивме грешки, примвме два гола, успеавме да се вратиме, можевме дури и да победиме. На крајот не освоивме ниту бод…“

Пресуди голот на Родриго во 80. минута. Конте ја спомена и спорната ситуација кога Бензема го отвори резултатот.

„Мислам дека Менди го фаулираше Хакими пред да ја врати топката. Заслуживме повеќе, мали детали за наша жалост одлучија Реал да биде победникот“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Млад фудбалер почина откако беше брутално претепан од насилници во Русија (Видео)

Младиот фудбалер Арсениј Јерошевиќ трагично го загуби животот по брутален напад што се слу…