Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Реал не смее да плаче за играчите кои нема да им играат

Конте: Реал не смее да плаче за играчите кои нема да им играат

Во среда Интер ќе го пречека Реал Мадрид на „Џузепе Меаца“ во натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Пред три недели Реал Мадрид славеше со 3:2 и сега има два бода повеќе во однос на Интер и „нероаѕурите“ ќе мораат да освојат барем седум бодови наредните три натпревари за да ја поминат групната фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот испит ќе им биде веројатно и најтешкиот, но Реал без шестмина ќе гостува во Милано.

„За нас овој натпревар е како финале. Ја знаеме историјата на Реал. Знаеме дека немаме многу опции, но мораме да извлечеме добар резултат“.

Реал за овој меч ќе биде без: Бензема, Валверде, Одраизола, Рамос, Милитао и Јовиќ.

„Мислам дека Реал не смее да плаче поради оние кои нема да играат. Имаат кадар полн со одлични играчи. Смешно ми е кога читам како се пишува за нивните повреди“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…