Дома Фудбал Англија Конте посочи кога Тотенхем ќе биде спремен да се бори за титулата

Конте посочи кога Тотенхем ќе биде спремен да се бори за титулата

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека на тимот му требаат уште најмалку два преодни рока за да стане вистински кандидат за титулата во Премиер лигата.

Тотенхем ова лето донесе неколку големи засилувања и одлично ја започна сезона со 10 освоени бода во првите четири кола.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Во споедба со минатата сезона, нашиот состав е покомплетен. Сепак за да ги достигнеме другите тимови на врвот, ни треба време, трпение и преодни рокови. Најмалку два трансфер периоди за да го достигнеме истото ниво со ривалите во борбата за трофеи“, изјави Италијанецот.

„Работиме со новите играчи месец и половина и тие се уште се навикнуваат на тоа. Мислам дека моите избори беа точни, затоа што постигнавме четири добри резултати на нашите четири натпревари. Сега, кога ќе почнеме со натпревари на секои три дена, ќе има ротации и тоа е нормално. Играчите се доволно паметни да знаат дека понекогаш мора да седат и на клупа. Ова е период кога навистина ќе знаеме дали можеме да се бориме за титулата“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…