Менаџерот на Челзи, Антонио Конте објасни зошто против Манчестер Јунајтед од тимот го извадил еден од клучните играчи.
Бразилскиот стопер, Давид Луиз до вчера беше незаменлив во тимот на Челзи, кога Конте одлучи да го испрати на трибините за натпреварот против Манчестер Јунајтед (1:0). Назад добија шанса Аспиликуета, Кејхил и Кристенсен, Запакоста и Алонсо по бековите, а за Луиз немаше место и тоа беше она што ги шокираше сите навивачи на Челзи.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
За среќа за Конте, неговиот тим и без Луиз оствари победа без примен гол, па на крајот испадна дека Италијанецот ја донел вистинската одлука.
„Тоа е само тактичка одлука. Мора тешко да се работи, во спротивно сте на клупата или на трибините. Се е нормално. Ова може да се случи на секој од моите играчи, но ако видам дека не се во добра состојба. Понекогаш морам да донесувам важни одлуки“, изјави Конте.
„Го направив тоа што го направив и мислам дена на крајот младиот Кристенсен одигра добар натпревар. Среќен сум поради тоа. Морам да ја донесам најдобраа одлука за клубот, а не за поединецот. Понекогаш можам да нарпавам и грешка, а понекогаш и да ја направам најдобрата работа за тимот“, додаде Конте.
Кога го прашаа дали Луиз останува, тој рече: „И моето место сега е жешко, не знам што ќе биде со мене, а не пак со Луиз“.