Дома Фудбал Конте не доаѓа во Наполи: Сакам да уживам со семејството

Конте не доаѓа во Наполи: Сакам да уживам со семејството

Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте ги отфрли гласините дека тој е следниот тренер на италијанскиот шампион Наполи.

Слушам трансфер гласини кои ме поврзуваат со различни клубови, но повторувам, мојата единствена желба засега е да чекам и да уживам со семејството“, напиша Конте на својот Инстаграм профил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Конте е без работа откако беше отпуштен од Тотенхем во март. Пред Спарс ги водеше Интер, Челзи, Италија и Јувентус.

Италијанските медиуми пренесуваат дека актуелниот тренер на италијанскиот шампион Руди Гарсија е на работ на отказ. Особено по домашниот пораз од Фиорентина (1:3).

За ситуацијата во клубот коментираше и претседателот и сопственик Аурелио Де Лаурентис. „Јас сум претприемач, должен сум да се интересирам за мојата работа.

Ќе донесам правилни одлуки кога ќе дојде време. Секогаш мора да одвоите време за размислување. Секоја избрзана одлука е лоша“, рече тој. Наполи моментално е петти со 14 бодови, седум помалку од лидерот Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…