Дома Фудбал Англија Конте: Има шест тима со подеднакви шанси за титула!

Конте: Има шест тима со подеднакви шанси за титула!

Челзи продолжи со импресивната серија и со победата над Тотенхем остана на првото место на табелата во Премиер лигата.

Тимот на Конте ја запиша седмата последователна победа, но италијанскиот стратег смета дека е премногу рано да се зборува за титулата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Челзи веќе не е оној тим, кој претрпе пораз од Ливерпул и Арсенал на почетокот на сезоната. Сретнавме сериозно искушение против Тотенхем и тие почнаа подобро од нас. Успеаја да постигнат извонреден гол, но ми се допадна како ние реагиравме на него“, истакна Конте.

„Ние се променивме и ја сум задоволен од тимот како целина. Работиме многу и уживаме поради резултатите и од сработеното на теренот. Да зборуваме за титулата е премногу рано, првенството е многу тешко. Во Англија има шест или седум екипи кои можат да го добијат првенството“, заклучи италијанскиот статег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Сити триумфираше во драматичен натпревар со девет голови

Манчестер Сити во неверојатен натпревар од 14. коло на Премиер лигата го совлада Фулам со …