Антонио Конте е убеден дека уште во првата година во Интер може да ја освои шампионската титула и да ја прекине долгогодишната доминација на Јувентус.
Конте во разговор со раководството побарал три засилувања во јануар, па едно на проблематичните позиции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во средината на теренот може да пристигне Немања Матиќ, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“. Србинот е многу пореална опција отколку Видал од Барселона и Де Паул од Удинезе кои се поскапи.
Конте бара засилувања и на бековските позиции, а на листата желби е Дармијан од Парма или Флоренци од Рома, бидејќи двајцата одлично се вклопуваат во формацијата 3-5-2.
Во нападот прва мета е Оливие Жиру од Челзи. Французинот има договор со „сините“ до крајот на сезоната, но Интер ќе бара од Челзи да го ослободи шест месеци порано со оглед на фактот дека добива мала минутажа.