Дома Фудбал Англија Конечно добри вести и за навивачите на Ливерпул

Конечно добри вести и за навивачите на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул следниот викенд на домашен терен го играат големото дерби од 23. коло на англиската Премиер лига против Манчестер Сити.

Избраниците на Јирген Клоп ќе се обидат на „Енфилд“ да бидат првата екипа која оваа сезона успеала да го совлада Манчестер Сити во лигата. „Црвените“ многу ослабени ќе ги дочекаат „Граѓаните“, бидејќи клубот го напушти Филипе Кутињо, а под знак прашаник е и Роберто Фирмино кој би можел да биде суспендиран.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, добри вести за „Црвените“ се тоа што на денешниот тренинг конечно се врати нивниот најдобар играч, Мухамед Салах. Египѓанецот поради повреда ги пропушти последните неколку натпревари, но според последните инфромации ќе биде подготвен за големото дерби против Сити.

Покрај тоа, добра вести за германскиот стратег е тоа што полека се враќа и Даниел Стариџ, кој исто така тренираше по паузата поради повредата. Салах не играше претходните два натпревари, додека Стариџ е надвор од теренот од 6. декември, кога се повреди на натпреварот во ЛШ против Спартак.

Салах во досегашниот дел од сезоната е најсилната карика во составот на Ливерпул, бидејќи постигна 17 гола, а одигра 21 натпревар за овој тим. Стариџ одигра само пет натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…