Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани, за кого пред неколку дена се играше опроштален натпревар на „Етихад“ за медиумите го откри најдобирот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.
Белгиецот изјави дека играчот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, кој што беше избран за најдобар играч според УЕФА за минатата сезона е најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сум играл со многу централни дефанзивци кои ме импресионирале. Но, јас би го избрал Вирџил Ван Дајк. Се уште не е на врвот толку години како Тери или Фердинанд, но последниве неколку сезони покажа дека игра на највисоко ниво. Да се биде добар стопер значи да го правиш тимот многу постабилен. Ливерпул е сосема поразичен тим пред и по Ван Дајк“, изјави Комапни.