Дома Фудбал Останато Комична сцена во МЛС лигата: Судија си поигра со чувствата на навивачите 🎥

Комична сцена во МЛС лигата: Судија си поигра со чувствата на навивачите 🎥

Изминатата вечер се одиграа голем број натпревари од американската МЛС лига,, а една ситуација беше вистински хит.

Натпреварот помеѓу Сент Луис и Атланта заврши без победник 1:1 и во него видовме една интересна ситуација во која во главна улога беше главниот арбитар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во финишот на првото полувреме домашните ја затресоа мрежата на Атланта, но ситуацијата беше спорна, па се проверуваше во ВАР просторијата. И ништо немаше да биде необично доколку главниот судија Филип Ѓујиќ немаше комичен настап во излагањето преку микрофонот со цел да даде објаснување на навивачите.

Кога заврши прегледот на ВАР, тој го вклучи микрофонот и прво кажа дека нема офсајд, што веднаш предизвика овации кај навивачите на Сент Луис. Но, набрзо ја прекина нивната еуфорија, бидејќи во продолжението на реченицата додаде дека е сигнализиран фаул и затоа овој гол не важеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…