Дома Топ вести Само по два дена откако најави останување: Трабзон добил официјална понуда за Барди од МЛС

Само по два дена откако најави останување: Трабзон добил официјална понуда за Барди од МЛС

Пред два дена Енис Барди најави останување во Трабзонспор, но сега пристигнува информација дека неименуван клуб од МЛС лигата ја доставил својата официјална понуда.

Со МЛС лигата Барди се поврзуваше и претходно, а сега турските медиуми објавуваат дека пристигнала официјалната понуда. Барди се поврзуваше со Жирона, Торино и ЛА Галакси од САД, но сега не се открива дали токму тој американски клуб е оној кој испратил официјална понуда.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барди од друга страна на социјалните мрежи пред два дена најави останување, па ако до пред еден месец се пишуваше дека се расположени да го продадат за три милиони евра, сега наводно бараат 4.5 и немаат намера за помалку да го пуштат.

Во редовите на Трабзон, Барди дојде минатото лето откако претходно пет години го носеше дресот на Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…