Дома Фудбал Англија Повредите му ја уништија кариерата: Керол го прави веројатно последниот трансфер во кариерата

Повредите му ја уништија кариерата: Керол го прави веројатно последниот трансфер во кариерата

Англискиот напаѓач Енди Керол скоро сигурно ќе ги напушти редовите на Вест Хем на крајот од оваа сезона.

Керол низ целата кариера го следат проблеми со повредите, а така е и оваа сезона. Последниот натпревар го одигра на крајот од февруари, кога го повреди скочниот зглоб, а на теренот нема да биде до крајот на сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вест Хем, но и тој самиот повеќе немаат трпение, па очигледно дојде време за раскин на соработката, а наредната дестинација за Биг Енди веројатно ќе биде МЛС лигата.

Како што пренесува  ProSoccerTalk, екипи од МЛС лигата веќе некое време го следат Керол, на кој му истекува договорот до крајот на сезоната и спремни се да го ангажираат и покрај проблемите со повредите.

Инаку, Керол во широката јавност остана запаметен кога во јануари 2011. година премина од Њукасл во Ливерпул за рекордно вреден трансфер, но поради повредите никогаш не направи кариера каква што се очекуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…