Францускиот репрезентативец, Кингсли Коман може од наредната сезона повторно да се врати во реедовите на италијанскиот шампион Јувентус, пренесува „Билд“.
Имено крилниот напаѓач претходната и оваа сезона е дел од германскиот шампион Баерн Минхен, но на позајмица со опција неговиот договор да биде откупен за 21 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Коман во Минхен беше донесен на барање на Пеп Гаврдиола и одигра одлично минатата сезона, но оваа сезона под водство на Анчелоти не игра на високо ниво, па поради тоа може да и биде вратен на „старата дама“.
Според „Билд“ во таборот на Баерн имаат сериозен сомнеж кога е во прашање Коман и можеби нема да ја искористат опцијата да го откупат неговиот договор. Младиот Французин во оваа сезона под водство на Карло Анчелоти нема постигнат гол, ниту асистенција за Баварците.