Иако е најплатен фудбалер во шпанската лига, Меси во 2017 година заработил помалку од Роналдо.
Кон крајот на ноември Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година и така стана најплатен фудбалер во Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа Аргентинецот не е најплатен играч на светот, пред него е неговиот поранешен соиграч Нејмар кој во ПСЖ заработува 36.8 милиони евра годишно. Тоа 100.000 евра по ден, 4.000 евра на час, а секоја негова минута во Париз вреди 66 евра.
Меси пред продолжувањето на договорот заработуваше 380.000 евра, додека според новиот договор добива 565.000 евра неделно, додека неговата годишна плата изнесува 31.6 милиони евра. Дневно Меси добива околу 80.000 евра, 3360 евра по час и 56 евра по минута. Двоецот на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо и Герет Бејл заработуваше повеќе бидејќии „посвежи“ договори, но со продолжувањето Меси стана најплатен во Ла Лига.
Според листата на Форбс Меси во 2017 година се најде на третото место, зад Кристиано Роналдо и кошаркарот на Кливленд Леброн Џејмс.
Покрај заработката од фудбалскиот терен се претпоставува дека заработката на Меси од спонзорските договори изнесува 21 милион евра.