Премиер лигата внимателно ја следи временската прогноза, бидејќи некои клубови веќе изразија загриженост поради временските услови во сабота, кога се закажни седум натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Велика Британија снегот и студеното време прават големи проблеми за спортските настани. Премиер лигата се уште ја следи ситуацијата околу натпреварите во сабота.
Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс изјави дека неговиот тим би можел да има потешкотии за да стигне до Велс, каде што утре треба да го одигра натпреварот против Свонси. Во Саутемптон исто така има снег, а истоимениот клуб од тој град треба да информира дали е можно да се одигра натпреварот со Стоук Сити.
Инаку, на Островот се откажани неколку натпревари од Лига 1 и Лига 2, се откажуваат натпревари во Шкотска, како и рагби натпревари.