Италијанскиот стручњак веќе некое време е без работа, па и понатаму чека нов клуб.
Анчелоти од јануари 2012 година до јуни 2013 година работеше во ПСЖ, а сега е сериозен кандидат за враќање во тој клуб, подобро кажано беше сериозен кандидат додека и самиот не се огласи во медиумите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Желбата на Анчелоти е да работи во Премиер лигата. Објасни зошто ги одби богатите сопственици на Пари Сен Жермен – Лига 1 не му изгледа привлечно и ПСЖ не го гледа како предизвик.
„Дон Карло“ сака голем предизвик каков што нуди Премиер лигата. Таму се поврзува со Челси во кој веќе работеше. Но секако, Роман Абрамович прво мора да се ослободи од другиот Италијанец, Антонио Конте.
Анчелоти се поврузваше и со Милан, но Гатузо покажа дека може да биде добар тренер, додека Арсенал ја отфрли можноста за доведување на Анчелоти бидејќи сметаат дека Венгер треба да биде заменет со млад тренер.
Останува да видиме каде искусниот Италијанец ќе ја продолжи кариерата, но Челси изгледа како најреална опција за поранешниот тренер на Милан, Баерн, Реал Мадрид, Јувентус, Парма…