Се ближиме до јануарскиот преоден рок и многу клубови ќе сакаат да го освежат својот тим во исклучително тешката сезона.
Реал Мадрид секогаш се поврзува со големи ѕвезди и квалитетни фудбалери, но судејќи според тврдењата на Зидан на денешната прес-конференција нови имиња во Реал нема да има.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе ги зачуваме парите ништо друго. Ситуацијата е комплицирана. Нема да бараме нови играчи“, изјави Зидан.
Беше запрашан и за најавите за формирање на новата европска Суперлига.
„Најважно е секој клуб да го избере тоа што е најдобро за него. Ние сме сконцентрирани на играта на теренот и ќе го играме натпреварувањето кое мора да го играме. Тоа е нешто што во овој момент не е реалност и затоа не сакам премногу да трошам зборови на тоа“, заклучи Зидан.