Дома Фудбал Англија Кога човек помисли дека нема, Клоп го каже токму тоа: Не е крај!

Кога човек помисли дека нема, Клоп го каже токму тоа: Не е крај!

Ливерпул синоќа беше поразен на Енфилд од Челси со 1:0 и со тоа породолжи големата криза кај актуелниот англиски првак.

Црвените се седми на табелата со 43 бода, а поразот од Челси е петти во низа на домашен терен и тоа се случува прв пат во историјата на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити е се поблиску до титулата, но Јирген Клоп не се откажува.

„Индивидуалната акција на Маунт го одлучи натпреварот. Самиот натпревар беше изедначен и интензивен. Имавме повеќе шанси, Мане имаше голема шанса, а имаше уште многу други моменти во кои не успеавме да погодиме. Примивме гол, погрешивме. Со поседот кој го имавме мораше да создадеме повеќе шанси. Ова е сериозен удар, но се уште не е готово.“ – рече Клоп.

За Црвените се поизвесно е дека најважно натпреварување ќе им биде Лига на шампиони, а таму се на чекор до четвртфинале откако во првиот натпревар го совладаа Лајпциг со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Возачот на Џошуа за време на несреќата може да заврши во затвор!

Возачот кој го управувал возилото во несреќата на Ентони Џошуа ќе биде обвинет и му се зак…