Дома Останати Ракомет „Кога слушнав дека Карачиќ ќе се врател во Вардар се изнасмеав“

„Кога слушнав дека Карачиќ ќе се врател во Вардар се изнасмеав“

Ракометниот тим на Вардар работи на изградба на што повеќе конкурентен тим за наредната сезона, една од позициите на која се чека засилување е среден бек.

За оваа позиција во јавноста се шпекулираше дека може да се врати Игор Карачиќ. Карачиќ е вистинска легенда на Вардар и остави голема трага во црвено-црнитот дрес, а откако се појавија финансиските проблеми во Кјелце на големо почна да се пишува за можно враќање на хрватскиот ракометар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, од тоа нема да има ништо. Претседателот на Кјелце, Бертус Сервас потврди дека Карачиќ ќе остане во нивниот тим.

„Јас не сум слушнал дека некој наш играч кажал дека нема да се појави на тренингот во јули. Кога слушнав дека Карачиќ можел да се врати во Вардар се изнасмеав, Игор останува тука“, порача првиот човек на Кјелце.

Како опции за Вардар на оваа сега остануваат се Ловро Јотиќ и Миха Зарабец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…