Мино Раиола секако добро ќе заработи.
Судбината на Марио Балотели би можела да биде во рацете на – Патрик Виера.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Прославениот француски репрезентативец е блиску до клупата на Ница и локалните медиуми пишуваат дека доколку тој пристигне Балотели би можел да се согласи да остане во клубот уште една сезона.
Менаџерот на Италијанецот, Мино Раиола во овој момент наводно преговара со Марсеј, а Ница од овој трансфер би требало да заработи 10 милиони евра, иако тој технички заминува како слободен играч.
Таков беше договорот.
Виера добро ги познава квалитетите на репрезентативецот на Италија бидејќи со него ја делеше соблекувалната како играч во Интер.