„Ливерпул не купува супер-ѕвезди туку ги создава. Клоп не добива доволно признание за тоа“, изјави неодамна легендата на Ливерпул Џејми Карагер, а денес доби и потврда од „Форбс“.
Имено, „Форбс“ направи анализа за вредноста на тимот на Ливерпул и според податоците тој вредел 360 милиони фунти пред да дојде Клоп на кормилото на тимот. Во моментов вредноста на тимот изнесива 1.83 милијарди фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа значи дека Клоп успеал да ја зголеми вредноста на тимот за неверојатни 500% и тоа Ливерпул за обновување на тимот во истото време немал поголеми расходи од 80-90 милиони фунти.
Најочигледни примери за тоа се Мохамед Салах и Садио Мане. Египќанецот беше купен за 38 милиони фунти, а во моментов неговата цена изнесива 200 милиони. За Мене дури беа платени помалку пари, а сега неговата вредноста е иста како таа на Салах.
Најскапата аквизиција на Клоп е дефанзивецот Вирџил ван Дајк за 75 милиони фунти, но тогаш клубот го продаде Кутињо за 120 милиони фунти.
Liverpool's squad value when Klopp took over:
— CaughtOffside (@caughtoffside) January 16, 2020
£360m
Liverpool's squad value now (via Forbes):
£1.83bn
A rise of 500%! ? pic.twitter.com/9N8eWAVVix