Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.
23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а медиумите тврдат дека Баерн Минхен веќе подолго време го следи играчот за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Ливерпул, кој е спремен да го „украде“ играчот пред носот на Баерн Минхен.
Нојхаус оваа сезона одигра 21 меч на кои постигна 4 гола и запиша 5 асистенции, а Клоп верува дека ќе биде идеална замена за Вајналдум.
Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат, но играчот преферира преселба во Ливерпул.
Liverpool have been watching Borussia Mönchengladbach midfielder Florian Neuhaus for some time now and the German is keen on moving to Anfield. #awlfc [@cfbayern] pic.twitter.com/ocAI1mgudv
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) February 26, 2021