Ливерпул вчера изгуби на домашен терен од Интер, но „црвените“ беа тие кои се пласираа во следната фаза благодарение на победата од првиот натпревар со 2:0.
Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп на интересен начин го објасни овој пораз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Уметноста на фудбалот е да изгубите во вистинските натпревари. Не значи дека не ми пречи поразот, но ако имаше натпревар кој можевме да си дозволиме да го изгубиме тогаш тоа беше овој. Во вакви натпревари најважно е да се пласираш во следната фаза, а ние тоа го остваривме. Среќен сум што продолжуваме затоа што немавме лесна ждрепка“, изјави Клоп.