Дома Фудбал Англија Клоп: Треба да сум идиот за да се лутам на моите играчи

Клоп: Треба да сум идиот за да се лутам на моите играчи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема ниту најмала причина за сомневање во својот тим и покрај поразот од Вотфорд од 3:0, прв во Премиер лигата после низата од 44 натпревари без пораз.

Ливерпул и понатаму има 22 бода предност и е на добар пат да стигне до својата прва титула уште од 1990 година. Вечерва „црвените“ ги очекува натпревар од ФА Купот против Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ниту малку не се сомневам во карактерот на својот тим, за да се сомневам треба да сум идиот. Се случува да се налутам, но сега на состанокот не бев лут. Ќе беше чудно да дојдам и да викам на нив како да изгубиле десет натпревари со лоша игра. Не ми е целта после состанокот да се чувствувам подобро, туку играчите да ги добијат потребните информации“.

„Ситуацијата во која се наоѓаме е посебна. Кој може да ми понуди совет? Можам ли јас да кажам дека веќе сме биле во ваква ситуација и дека знаеме како да се однесуваме? Не можам. Зад нас е неверојатно долг период со фантастични натпревари, сензационален фудбал и прекрасни голови“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…