Дома Трансфер зона Клоп тргнува по напаѓачот на Атлетико?

Клоп тргнува по напаѓачот на Атлетико?

klop

Како што пренесуваат англиските медиуми, повикувајќи се на шпански „АС“, Ливерпул е заинтересиран за офанзивецот на „Јорганџиите“.

„Црвените“ не беа премногу активини во досегашниот дел од преодниот рок, во клубот пристина само едно засилување, Мохамед Салах од Рома, а сега изгледа дојде време да тргнат по нови засилувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Извесно е дека за борбата на четири фронта ќе им бидат потребни уште неколку засилувања во сите линии на тимот, а Клоп изгледа дека избра мета кога во прашање е нападот.

Имено, тој е заинтересиран за талентираниот офанзивец на Атлетико, Анхел Кореа.

Атлетико има забрана за трансфери и побара од своите фудбалери да не заминуваат барем до зимскиот преоден рок. Но, Кореа сака да игра, во сезоната која е зад нас запиша 31 настап, а постигна четири погодоци и заработи дури шест жолти картони.

Тој во овој момент е на припреми со Атлетико, Клоп со задоволство би сакал да го доведе во својата екипа, но нема сомневање дека ќе мора да понуди прилично голема сума за да ги натера „јорганџиите“ барем да преговараат.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…