Дома Фудбал Останато Клоп со уште една порака: Никој не зборува за распоредот и што направи УЕФА? Ја измисли Лигата на Нации

Клоп со уште една порака: Никој не зборува за распоредот и што направи УЕФА? Ја измисли Лигата на Нации

Јирген Клоп после пласманот на Ливерпул во четвртфиналето од Лига Купот јавно порача дека може да се откаже од тоа натпреварување ако луѓето во англискиот фудбал не му излезат во клубот и го променат распоредот.

Сега Германецот на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот одново зборуваше на таа тема и во таа прилика испрати порака до одговорните во УЕФА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Точно е зборуваме за тоа затоа што мораме. Ако играме Лига Куп додека сме во Катар тоа би морале да го направиме со два различни тима, а не можеме да оставиме играчи во Англија да играат Лига куп бидејќи во исто време во Катар имаме два натпревари во краток временски период. Не можеме во Катар да отидеме со 11 играчи, не оди тоа туку така“.

„Сите знаеме за пренатрупаниот распоред, но никој не сака да зборува за тоа и што се случува тогаш? УЕФА ја измислува Лигата на Нации за на тој пренатрупан распоред да додаде уште натпревари. Мислам дека одговорните треба да почнат повеќе да мислат на играчите отколку на своите џебови“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…