Дома Фудбал Англија Клоп со видео повик го „расплака“ најсилниот фудбалер во светот (ВИДЕО)

Клоп со видео повик го „расплака“ најсилниот фудбалер во светот (ВИДЕО)

Кога пред четири години не доби нов договор од тимот на Вимблдон се очекуваше Адебајо Акифева да ја заврши кариерата, но не се случи тоа.

Најсилниот фудбалер во светот, како што го нарекуваат на Островот на 38 години вчера имаше вечер за паметење. Акифенва го оствари најголемиот успех и наредната сезона со Викомб Вондерс ќе игра во Чемпионшип.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викомб на „Вембли“ го победи Оксфорд со 1:2. Искусниот напаѓач не можеше да ги сокрие емоциите и во изјава за „Скај“ зборуваше за својата кариера, а на крај го спомна и Клоп.

„Пред четири години бев без клуб, но тогаш се појави тренер кој веруваше во мене. Сакам да му се заблагодарам на Бог затоа што не невозможното го направи возможно. Сега можам да славам заедно со Клоп“, изјави Акифенва

Веднаш по неговата порака доби видео повик од германскиот стратег.

„Здраво голем човеку. Сакам да ти честитам за успехот. Го гледав на натпреварот, но не и изјавата. Но Хендерсон ми кажа дека си сакал да славиме заедно. Браво! Цела кариера си се борел и сега ќе играш во Чемпионшип“, гласеше пораката на Клоп која прилично го погоди Акифенва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…