Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објасни дека во ниту еден момент не ги принудувал фудбалерите да тренираат.
Веќе неколку дека фудбалерите на Ливерпул доаѓаат во тренинг центарот каде проведуваат индивидуални тренинзи без контакт помеѓу себе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Иако секој фудбалер може сам да одлучува јас им кажав: Тука сте по сопствена желба. Вие потпишувате договор со кој се задолжувате да бидете на располагање на клубот. Но во овој случај не морате да доаѓате во тренинг центарот доколку не се чувствувате заштитени“, изјави Клоп.
„Момците се добри, тренираат одделно, во групи, прво една група од 10 фудбалери, па други 10. Јас се чувствувам како полицаец во униформа, кој гледа се да биде во ред“, додаде германскиот стратег.
Smiles all round ?❤️
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) May 20, 2020
…and some new hairstyles ? pic.twitter.com/8xbOusN5jw