Ливерпул ова лето го доведе Дарвин Нуњес, кој веднаш стана прв избор во нападот на Клоп.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фирмињо иако остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.
Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, но договорот на Фирмињо истекува на крајот на сеозната.
Медиумите пренесуваат дека Бразилецот одлучил да не го продолжува договорот, бидејќи сака да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа.
Интерес за Фирмињо покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па многу веројатно дека на лето ќе се пресели во Серија А.