Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп истакна дека му се допаѓа начинот на кој игра Шефилд и додаде дека на неговиот тим нема да му биде лесно во сабота.
Актуелниот шампион на Англија утре игра против Шефилд во рамките од шестото коло во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Шефилд игра на целосно поинаков начин и заслужуваат внимание поради се што прават. За нас ова ќе биде тежок натпревар, посебно затоа што тие за разлика од нас имаа цела нела да се припремат“, изјави Клоп.
Ливерпул го дочекува Шефилд со многу самодоверба откако со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампионите против Ајакс.
„Кога станува збор за играта, повеќе самодоверба нас ни дава натпреварот против Евертон, отколку оној против Ајакс. Но, победата е важна. Исто така морам да кажам дека сум разочаран што некои луѓе кои бараа коментар од Ерик Тенг Хаг на мојата изјава дека теренот е лош. Тоа е срамно. Не го обвинив теренот за тоа што го покажавме, двете екипи имаа исти услови. Но, кого уште го интересира вистината?“.
Новинарите повторно ги интересираше ситуацијата со Ван Дајк.
„Разбирам дека тоа ги интересира луѓето, меѓутоа нема смисла секој ден да зборуваме за тоа. Тој е добро колку што може да биде“, изјави Клоп.