Дома Трансфер зона Клоп потврди едно заминување: Тука е веќе легенда, нека стане сега некаде на друго место

Клоп потврди едно заминување: Тука е веќе легенда, нека стане сега некаде на друго место

Иако сезоната се уште не е завршена, Јирген Клоп порача дека еден играч може да си замине.

Јирген Клоп како што јавно потврди постигнат е договор со Адам Лалана тој да не игра повеќе за Ливерпул. Лалана нема да игра да се спречи ризикот од повреда пред трансфер во друг клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Од кога сум тука тој беше еден од нашите најважни играчи и му посакувам среќа во продолжение од кариерата. Мислам дека тој е тука веќе легенда, а сега тој статус може да го гради некаде на друго место“, изјави Клоп.

Инаку, 32 годишниот Лалана во Ливерпул дојде во 2014 година од Саутемптон. Во сезоните кои следеа беше еден од најважните играчи на клубот, но со доаѓањето на Салах и Мане го изгуби статусот на првотимец. Сезонава тој забележа само 15 настапи во Премиер лигата.

Претходно името на Лалана најмногу се поврзуваше со Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…