Информацијата која беше објавена утрово сега доби и потврда – Јирген Клоп дефинитивно се враќа на фудбалот!
Како што беше најавено претходно Клоп од 1 јануари 2025 година ќе биде „шеф на фудбалските операции“ на Ред Булк. (Повеќе за неговата улога тука)
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По скоро 25 години покрај аут линијата не можам да не бидам возбуден што станувам дел од еден ваков проект. Мојата улога можеби ќе биде поинаква, но мојата страст кон фудбалот и кон луѓето на кои им е важна оваа игра нема да се промени никогаш. Сакам да помогнам во развојот и унапредувањето на неверојатните фудбалски таленти кои ги има Ред Бул“, порача Клоп.
Клоп не потврдил, но медиумите пишуваат дека во неговиот договор има и посебна клазула дека може да замина ако добие понуда да стане селектор на Германија по Мундијалот во 2026 година.