Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека клубот се уште се обидува да донесе играч за врска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Утрово англиските медиуми пренесоа дека главна цел е играчот на Брајтон, Каиседо за кого Ливерпул е спремен да понуди 42 милиони фунти.
Клоп има проблеми поради големиот број повредени играчи за врска, но призна дека ќе биде тешко да се реализира трансферот до крајот на преодниот рок.
„Дали се обидуваме да донесеме играч за врска? Да, но колку повеќе се приближуваме кон крајот на преодниот рок, толку е потешко. Не сме се откажале, но знаеме дека ќе биде тешко. Не можеме да принудиме никого да ни продаде играч. Ќе видиме, во секој случај кога ќе се затвори трансфер пазарот ќе бидам задоволен“, изјави Клоп.