Jирген Клоп е одлучен во намерата на играчите на Ливерпул да им дозволи зимска пауза на почетокот на февруари.
Ливерпул на 4. февруари ќе го игра реваншот во 1/16 финалето од ФА Купот против Шрусбери. Бидејќи им вети одмор на првотимците Клоп во овој натпревар ќе игра со тимот до 23 година. Покрај тоа Клоп нема да биде клупата, тимот ќе го води Нил Кричли.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој натпревар не беше во плановите на Ливерпул бидејќи очекуваа се да завршат во првиот натпревар, сепак Шрусбери извлече 2:2 и си обезбеди уште еден дуел со веројатно новиот шампион на Англија,.
„На моите играчи пред две недели им кажав дека ќе имаат зимски одмор, што значи дека за тој натпревар нема да бидеме на теренот ниту јас, ниту играчите. Знам дека оваа постапка нема да наиде на одобрување, но тоа е тоа. Премиер лигата бараше да ја почитуваме паузата и тоа ќе го направиме. Ако на луѓето во ФА не им е гајле, ние не можеме да влијаеме на тоа. Повторувам, нема да бидеме на тој натпревар, играчите заслужуваат да се одморат“, изјави Клоп.