Дома Фудбал Англија Клоп: Поништениот гол на Мане ми е омилен од кога дојдов тука

Клоп: Поништениот гол на Мане ми е омилен од кога дојдов тука

Ливерпул прокоцка победа на домашен терен против Брајтон, откако водеше со 2-0, но на крајот резултатот заврши 2-2.

Откако мечот заврши 2-2, тренерот на домаќините, Јирген Клоп призна дека поништениот гол на Садио Мане му е омилен откако станал тренер на екипата.

„Вториот гол на Мане кој беше поништен е мој омилен во целиот период откако пристигнав во Ливерпул“, вели Клоп.

Ливерпул беше голем фаворит, имаше сѐ во свои раце, а на крајот се спасуваше од пораз бидејќи и еден гол на Брајтон беше поништен, а во една добра ситуација ги спаси голманот Алисон Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити го договори посакуваниот трансфер од 100 милиони

Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансферот на талентираниот играч од средината н…