Дома Фудбал Останато Клоп открива како пропаднал цел негов говор за Роки Балбоа и Иван Драго

Клоп открива како пропаднал цел негов говор за Роки Балбоа и Иван Драго

Вчера Јирген Клоп беше прогласен за тренер на годината од страна на ФИФА.

Германецот заслужено го освои признанието откако имаше една неверојатна сезона со Ливерпул со кој стигна до титулата во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул освен титулата европски шампион за само еден бод остана зад Манчестер Сити во англиската Премиер лигата.

Неколку часа по церемонијата на која Клоп беше награден „Тhe Players Tribute“ ја објави колумната која Клоп ја напишал пред извесно време. Клоп во еден дел од таа колумна раскажува како му пропаднал цел говор во Борусија Дортмунд кога ги подготвувал играчите за натпревар против Баерн Минхен.

Клоп раскажувал и пуштал сцени од култниот филм „Роки“, меѓутоа неговиот говор пропаднал затоа што само двајца играчи од целиот тим на Борусија знаеле за што всушност зборува.

„Се подготвуваме за натпревар против Баерн Минхен. Тоа беше за нас најважниот натпревар. Вечерта пред натпреварот бевме собрани во хотелот и требаше да зборуваме за натпреварот. Во таа прилика им пуштав сцени од „Роки “. Делот со Иван Драго за мене е вистински класик. Прво им го пуштив Иван Драго и им зборував дека тоа е најдоброто што може да се замисли, со еден збор машина и го споредив со Баерн Минхен. Потоа им го пуштив Роки кој тренери во Сибир на снег качувајќи се на планина. Им објаснував дека треба ние да бидеме како Роки, мали, цврсти и со срце на шампион. Зборував, зборував и во еден момент се свртев да ја видам нивната реакција. Секако очекував да бидат мотивирани и да посакаат да одат во Сибир, но спротивно од тоа ме гледаа бледо. Ме гледаа како да се прашуваат: Што зборува овој!? Во тој момент побарав да кренат рака тие што го знаат филмот Роки и тогаш ми стана јасно – рака кренаа само двајца. Себастијан Кел и Патрик Овомојела. Никој друг не знаеше за што зборувам. Така пропадна еден цел мој говор“, откри Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…