Ливерпул во недела од 20:15 чаост ќе го пречека Лестер во еден од поинтересните натпревари во 9. коло од Премиер лигата.
Во последните три сезони Манчестер Сити и Ливерпул ги освојуваа титулите со 100, 98 и 99 бодови, а ова сезона поради повредите и небедливите игри на најголемите фаворити се очекува за титулата шампион на Англија да бидат потребни 85 бодови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако ја одбраниме титулата тоа ќе биде поголем успех отколку освојувањето во минатата сезона. Не ја почнавме лошо оваа сезона, можеби и ни требаше оној пораз од Астон Вила од 7:2 за да научиме нешто“, изјави Клоп.
Клоп даде изненадувачки одговор на прашањето колку тимови според него ќе се борат за титулата оваа сезона.
„Осум“, кратко одговори Германецот.
Германскиот стратег веројатно мислеше на големата шесторка, Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем Челзи и неговиот Ливерпул, а преостанатите два се Лестер кој веќе еднаш ја шокираше Англија и Евертон на Ачелоти кој добро ја отвори сезоната.