Дома Фудбал Англија Клоп: Окс е на добар пат да го покаже целиот свој потенцијал

Клоп: Окс е на добар пат да го покаже целиот свој потенцијал

Алекс Окслејд Чемберлејн ова лето одлучи да го напушти Арсенал и премина во редовите на Ливерпул, но до сега не ги оправда очекувањата.

На последниот натпревар за Црвените, брзоногиот Англичанец одигра одлично. Ливерпул го совлада Борнмут со 4:0, а Окс запиша асистенција и го одигра целиот натпревар, што не зачудуваат добрите коментари од страна на Јирген Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој е на добар пат. Ми се допаѓа, има неверојатно огромен потенцијал, што не го покажува секогаш.“ – изјави Клоп за официјалниот сајт на Ливерпул.

„Се надевам дека ќе остане спремен, тоа е најбитната работа. Може да биде повеќе решителен во некои ситуации. Понекогаш повеќе игра на средината отколку напаѓач – има многу работи кои може да ги подобри. Навистина сум среќен поради него.“ – додаде тренерот на Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…