Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека Диого Жота ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да се утврди природата на неговата повреда, но извесно е дека нема да биде во тимот овој викенд.
Ливерпул во Англија се врати во четвртокот, после победата над Интер во средата. Германскиот стратег истакна дека не знае на кого ќе може да смета за премиерлигашкиот дуел со Норвич.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не знам како ќе изгледа тимот. Би требало да имаме добри опции, но не можам со сигурност да кажам. За Жота се потребни дополнителни прегледи. Веројатно има проблем со лигаментите на скочниот зглоб. Ќе мораме да почекаме“, изјави Клоп.
Во овој момент Ливерпул е на второто место на табелата со 54 бодови, девет помалку од водечкиот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.
„Од сите проблеми кои ги имам во овој момент трката со Сити е најмалиот. Не размислувам за тоа. Мораме да победуваме, а потоа ќе видиме дали ќе се доближиме или не. Ќе се бориме за место во Лигата на шампионите. Сите наши проблеми можеме да ги решиме со победи“, изјави Клоп.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Норвич на програмата е в сабота од 16:00 часот.