Фудбалерите на Ливерпул во моментов на свој терен играат против Њукасл во рамките на петтото коло од Премиер лигата.
Јирген Клоп направи неколку промени во составот за овој натпревар, а она што најмногу изненади е одлуката Фирмино да остане на клупата, а наместо него во игра е Ориџи уште од првата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Фирмино на клупата се уште Хендерсон и Милнер, но пред самиот почеток Клоп објасни дека тоа го направи бидејќи сака да ги одмори овие играчи по репрезентативните настапи. Пред „Црвените“ има тежок распоред со оглед на тоа што почнува и Лигата на Шампионите следната недела и Клоп одлучи да одмори неколку играчи.
„Мораме да размислуваме за се. Тие се спремни за игра, но размислуваме и за останатите натпревари. Направивме промени, но можно е тие да играат во второто полувреме. Важно е играчите да бидат одморени, бидејќи не очекува жешко темпо“, изјави Клоп.